Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Јадењето во ресторани или во ланците за брза храна може да ја зголеми изложеноста на потенцијално штетни хемикалии кои се користат за флексибилноста и трајноста на пластиката, покажува новото истражување од оваа област.
Експертите во човечкото тело го испитувале нивото на Phthalate (фталатот), хемиско соединение кое уште го нарекуваат и пластификатор и го поврзуваат со астмата, ракот на дојката и дијабетесот тип 2, и востановија дека тоа е 35 насто повисоко во организмот од испитаниците кои ден претходно јаделе во расторан, за разлика од оние кои јаделе дома.
Во ова истражување, за кое пишуваше The Guardian, се покажа дека одредена храна, вклучително и бургерите и сендвичите, можат да се поврзат со повишено ниво на фталат, но само во оние кои се купени во ресторан, сендвичара за брза храна или во кафуле.
Врската е посебно силна кога се во прашање тинејџерите, покажува истражувањето. Адолесцентите кои често јадат надвор од дома имаат 55 насто повисоко ниво на оваа хемикалија во споредба со врсниците кои се хранат дома.
„Оваа студија сугерира дека помала е веројатноста дека храната подготвена дома ќе содржи високо ниво на фталат отколку онаа од рестораните“, вели првиот човек на истражувањето, доктор Ами Зота, професорка на универзитетот Џорџ Вашингтон во главниот град на САД.