Зачекори на модна писта доејќи го бебето кое го носеше со себе (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манекенката Мара Мартин со својот потег и настап на манекенската модна писта предизвика лавина од реакции (до некаде и поделени) и стана хит на социјалните мрежи.

Мартин стана вистинска сензација на социјалните мрежи откако вчера, за време на една модна ревија за костими за капење организирана од Sports Illustrated, зачекори по модната писта доејќи го своето бебе.

Веднаш откако се појави на ревијата, нејзините следбеници почнаа да пишуваат позитивни коментари и целосно ја поддржаа нејзината решителност да го одработи својот манекенски ангажман доејќи го своето девојче.

Повеќето од корисниците на социјалинте мрежи имаа позитивни и пофални коментари за манекенката, но некои не го бендисаа овој нејзин потег сметајќи го за тенденциозен маркетиншки трик.