Забранети физички посети за Тачи и другите обвинети воени лидери на ОВК во Хаг


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Бвишите политички и воени лидери на ОВК, кои се приведени од Специјалниот суд во Хаг, можат само преку видо врска да комуницираат со членовите на своите семејства, а никој не може физички да ги посети.

Оваа информација ја потврди Специјалниот суд во Хаг.

-Посетите во притворската единица во моментов не се можни поради ограничувачките мерки поради коронавирусот. Со цел да се олесни редовниот контакт со семејството, овозможени се средби преку видео врски, изјави портпаролката на Специјалниот суд, Ангела Грип, пренесена од „Косово онлајн“.

Седум поранешни политички и воени лидери на ОВК се обвинети за серија злосторства, од заплашување на сведоци, до убиства и лошо постапување. На списокот на обвинети се Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи, Реџеп Селими и Саљих Мустафа.