Забранета книгата на Андов „До атентатот и по него“ во која го обвинува Фрчкоски за атентатот врз Глигоров


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со решение кое го донесе скопскиот Основен суд 2, за книгата „До атентатот и по него“ од бившиот претседател на Собранието, Стојан Андов, се одредува времена забрана за продажба и располагање. Во оваа книга Андов имплицитно сугерира на вмешаност на бившиот министер за внатрешни работи и професор на Правниот факултет, Љубомир Фрчкоски во атентантот на поранешниот претседател на Македонија, Киро Глигоров, пренесува Фокус.

Адвокатката Ирена Фрчкоска, во изјава за Либертас потврди дека судот донел вакво решение и изрекол забрана за понатамошна продажба и располагање со спорната книга на Андов, по поднесена тужба за содржани клевети кон тужителот, како и предлог за времена мерка.

-Имено, книгата содржи шокантно клеветничка содржина, од најексплицитен вид досега напишана, со која е извршена тешка повреда на личните права на тужителот, повреда на неговиот чест и углед како граѓанин. Сметаме дека штетата е веќе направена со самото објавување на книгата, нејзино пренесување и промовирање во јавноста, но на овој начин тужителот ќе добие морална сатисфакција, за делумно да се намали нанесената штета.
Ова е прва одлука кај нас со која се забранува понатамошна продажба и користење на книгата и само ваква одлука во конкретниот случај е правилна и сосема основана и има за цел да ги намали последиците кои настанаа од нејзиното објавување – вели Фрчкоска во изјава за Либертас.

Решението на судот се однeсува на сите кои вршат продажба на книгата, располагаат со неа и ја нудат на користење како библиотеки, книжарници, издавачки куќи и друго.