Забраната за влез на македонски граѓани во Грција продолжена до 31 јули


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Грчките власти го продолжија привременото ограничување на авионските, копнените и железничките врски со Македонија до до 31 јули 2020. До тогаш е продолжена и забраната за влез на грчка територија на лица од Македонија, јави МИА од Атина.

Ограничувањата се „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот ковид-19 на грчка територија за временскиот период од 16 до 31 јули.

Одлуката е потпишана од министрите за здравство, за транспорт и инфраструктура и за поморство, а се однесува на Македонија, на Албанија и на Турција, а вчера беше објавена во Службен весник на Грција и денеска стапува во сила.

Забраната не се однесува на: грчки државјани, на лица кои имаат дозвола за престој и лица кои живеат во Грција, како и за транспорт на стоки, за влез на лица за апсолутно неопходни професионални причини, но и за транзит на болнички возила кои од Косово преку Македонија влегуваат во Грција за хоспитализирање на пациенти кои припаѓаат на дипломатскиот, воениот или административниот персонал на земјите членки на ЕУ и EULEX на Косово.