Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Несогорливите тутунски производи и уредите за нивно загревање не спаѓаат под забраната за пушење од член 3 став 1 од Законот за заштита од пушењето. Вакво мислење на Министерството за здравство усвоила Владата на синоќешната седница.
Според Министерството за здравство, користењето на несогорливите производи од тутун, уредите за нивно загревање и електронски цигари не претставува пушење. Поради тоа, како што наведуваат од МЗ, тие не потпаѓаат под забраната за пушење од член 3 став 1 од Законот за заштита од пушењето, односно истите може да се користат и во затворениот дел од јавните простории, имајќи ги предвид одредбите од членот 3 став 1 точка 3 од Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи.
Според оваа одредба, како што велат од МЗ, пушењето е дефинирано како „поседување или користење на тутунски производ кој согорува, без оглед дали чадот активно се вдишува или издишува“.