Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Администрацијата на САД ги поништи американските визи и им одреди забрана за влез во САД на саудиските функционери кои се осомничени за вмешаност во убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.
Државниот секретар на САД Мајк Помпео рече дека ова е само првиот чекор во казнувањето на Саудиска Арабија за убиството на Кашоги, колумнист на Вашингтон пост.
„Овие казни нема да бидат последниот збор за ова прашање“, изјави Помпео за новинарите.
Тој не прецизираше за кого се однесува мерката, бидејќи податоците за визите се доверливи, но подоцна Стејт департментот соопшти дека престојот во САД ќе им биде забранет на 21 „осомничен Саудиец“.
Трамп засега ги одби повиците да ја прекине продажбата на оружје во Саудиска Арабија, за која смета дека е многу важен сојузник на Блискиот Исток.
Членовите на Конгресот на САД побараа на Саудиска Арабија да ѝ се воведат санкции за убиството на Кашоги, кој живееше во САД и пишуваше критички текстови за моќниот саудиски принц-престолонаследник Мохамед бин Салман.
Извор: Мкд.мк