Заборавете на спортските напитоци, ОВА треба да го пиете за опоравување после вежбање


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Спортистите кои во текот на вежбањето или после тренингот пијат чоколадно млеко можат еднакво брзо, или дури и побрзо, да се опорават од тренажниот напор исто како кога би консумирале спортски напитоци, покажува новото истражување посветено на постренажното опоравување.

Пијалоците и храната кои луѓето ги внесуваат за време на вежбањето и после напорниот тренинг, можат да влијаат на тоа колку брзо и добри ќе се опорават нивните мускули и колку брзо организмот ќе ги надомести потрошените течности и електролити во тренажниот процес.

Повеќето истражувања на оваа тема кои се занимавале со прашањето дали напитоците со јаглехидрати и електролити или со протеини подобро помагаат во опоравувањето, беа премали за да се извлечат заклучоци за тоа дали овие спортски напитоци се најдобрата опоција, наведуваат авторите на новото истражување објавено во списанието European Journal of Clinical Nutrition.

За потребите на истражувањето тие собрале податоци од 12 помали студии со кои се споредува како чоколадното млеко влијае на неколку показатели и параметри за опоравувањето од тренингот во споредба со „пласибо“ напитоците или спортските напитоци.

Спортистите се занимавале со активности како трчање или возење велосипед и потоа научниците го проучувале однесувањето преку таканаречени „показатели за опоравување“ како колку време е потребно до цеосна исцрпеност за време на вежбањето, бројот на отчукувања на срцето, нивото на млечни киселини и ензимот креатин киназа во крвта кој се покачува со интензивни активности.

Со истражувањето беше утврдено дека чоколадното млеко го продолжило времето до целосно исцрпување на организмот и ја подобрило неговата издржливост, бројот на срцеви отчукувања и нивото на млечните киселини во крвта исто колку и другите скапи спортски напитоци кои ги консумираат спортистите после тренинг.

„Чоколадното млеко содржи јаглехидрати, протеини, масти, флавоноиди, електролити и некои витамини поради кои тој пијалок е добар за опоравување“, вели водителот на студијата, д-р Амин Салехи-Абарге од иранскиот Медицински факултет „Сахид Садухи“.

Во некои случаи чоколадното млеко се покажало дури и како подобар напиток, потенцираат научниците.

„Поракта е дека чоколадното млеко е евтино и вкусно решение за опоравување и дава слични или подобри резултати во однос на комерцијалните напитоци“, вели Салехи.

Спортските напитоци, стандардно, содржат јаглехидрати и електролити, но обичните не и протеини, велат експертите.