Заборавете на скршените екрани на смартфоните, доаѓаат нови флексибилни дисплеи


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Скршен дисплеј би можело да биде минато, затоа што британски научници измислиле флексибилен дисплеј. Важно е да се напомене дека овај дисплеј е евтин, изработен е од графен и сребро. Научниците од универзитетот во Сусексу откриле дека е можно да се комбинира графен, и сребро. Графенот е материјал од еден слој јаглеродни атоми, дисплејот изгледа вообичаено, но среброто му дава голема цврстина.

Освен тоа, овај материјал е многу флексибилен, што значи дека смартфонот нема да има стакло на горниот дел туку ваков поиздржлив дисплеј.
„Актуелните дисплеи се изработени од индиев- калаен оксид, овај материјал е многу кршлив и мора да се нанеси на јака и тврда стаклена површина. Тој слој лесно се крши доколку го испуштите телефонот од раце на тврда површина. Заради нашиот изум тврдата стаклена површина нема да биде потребна, затоа што слоевите се од сребрени нанеси и графен. Па така помала е веројатноста дека дисплејот ќе се скрши ако ви падне смартфонот.“ – Изјавува Матеј Ларџ, директор на проектот.

Иако среброто е редок материјал, во комбинација со графен потребно е многу мала количина за премачкување. Графитот, материјал од кој е направен графенот, го има во големи количини, што значи трошоците треба да бидат многу помали.

Истражувањето е објавено во списанието „American Chemical Society Langmuir“.