Заборавете на разгалената младина: „Ескортите од Инстаграм“ – нов хит на социјалната мрежа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Можете да почнета да заборавате на разгалените и богати млади момци и девојки на Инстаграм. Овие дами (и момци) кои се нов хит на Инстаграм, за својот кеш и луксузен стил на живот сами ги засукуваат рацете и одработуваат – буквално.

Ескорт дамите и момците, кои со луксуз, раскош и кешарац се фалат на Инстаграм, се нов хит на оваа социјална платформа, со голема брзина стекнуваат илјадници следбеници и обожаватели. Се фалат со егзотични локации, дизајнерски накит, но не се срамат да ги покажат ниту скапите подароци од своите клиенти. И себеси се нарекуваат куртизани.

Девојката со надимак Coralpinkjade себеси се опишува како „модерна куртизана, експерт за релаксација и дискретна придружничка“.

Абеигејл Харт од Лондон се пофали со сноп банкноти од 50 долари за кои вели дека се „бонус“ во работата. „Неочекуван резултат од БРЕГЗИТ, клиентот ми даде бонус во долари, поради нестабилноста на фунтата. Бог да ги благослови американските долари“, објаснува таа.

Париската „куртизана“ Ева Родригез е уште една од оние кои се фалат со скапите подароци. „Ништо друго како дарежлив маж“, пишува таа под фотографијата со скапи Louboutin потпетици и Gucci шал.

Мистресата Дарси од Њујорк се пофали со свежи банкноти од сто долари. „Поздрав до најубавата, најмоќната и најпопуларна љубовница на светот“, напиша нејзин клиент. „Убаво е кога ми праќате бесплатни пари“, беше воодушевена таа.

Ништо покусо во ова Инстаграм чаламење не се ниту машките „придружници за дами“.