Заборавена уметничка слика во ормар проценета на повеќе од 4 милиони долари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Американецот Роберт Ворен, пребарувајќи го ормарот во својата уметничка галерија, пронашол доста стара уметничка слика.

На прв поглед, ова дело изработено во техника масло на панел не изгледало посебно интересно. Било избледено и содржело голи митолошки фигури, била оштетена од вода, но и испукана на неколку места.

„Не мислев дека е вредна, ниту пак разбирав зошто е чувана во ормарот“, изјави Ворен, извршен директор на уметничкиот комплекс Хојт Шерман Плејс во Дес Моинес, Ајова.

Сликата била пронајдена уште во 2016 година и приказната поврзана со неа можела да заврши тука, но Ворен забележал етикета од задната страна на делото, која личела на оние кои се користат на аукција. Откако почнал да истражува, долгиот пат го довел до конечната вистина.

Станува збор за слика од 16-ти век која е дело на холандскиот мајстор Ото ван Вен (1556-1629) и е вредна повеќе од 4 милиони долари.

На налепницата пишувало дека сликата некогаш била изложена во њујоршкиот музеј на уметностите Метрополитен. Музејот ја позајмил на извесен Колинс кој подоцна во 1900-те години од минатиот век, кога се преселил со семејството во Дед Моинес, ја понесол и сликата со себе.

Неговата внука сликата, заедно со уште четири други уметнички слики, ги донирала во клубот кој ја има основано уметничката галерија.

За реставрација на сликата беше потребна една година. Иако нема намера да ја продаде, Ворен тврди дека на аукција истата би достигнала цена и до 11 милиони долари.