Заблуди за маслиновото масло во кои веруваат повеќето кои го користат


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Оние кои маслиновото масло редовно го користат во секојдневната исхрана и готвење, често се убедени дека знаат речиси сè за истото.

Сепак, пред да се брза со убедувањата дека знаете сè за овој здрав и хранлив производ, треба да знаете дека тој е многу покомплексен отколку што мислите. Доколку сакате да бидете сигурни дека го консумирате на најдобар начин, ви ги претставуваме најчестите заблуди кои морате да ги знаете.

1. Маслиновото масло од продавница е секогаш свежо

Иако е добро складирано, маслиновото масло по продавниците, најчесто е старо и по неколку години. Но, за разлика од виното, за маслиновото масло не важи правилото што постаро, толку подобро. Доколку сакате да сте сигурни што јадете, купувајте масло на кое е назначен датумот на производство.

2. Квалитетното масло чувајте го за свежа салата, а евтиното за готвење

Потполно погрешно. Што е повисок квалитетот на маслото, толку подобро се справува со високите температури. Исто така, при готвење не губи на квалитет, а храната ќе биде многу повкусна, а и поздраво припремена.

3. Мора да се чува само во стаклено шише

Оваа теза е делумно точна. Чувањето на маслото во стаклено шише е добро, но мора да биде од темно стакло, бидејќи тоа реагира на светлина, која му ја менува структурата, а со тоа и квалитетот. Но и лимената амбалажа е еднакво добра.

4. На маслиново масло не смеете да динстате храна

Уште една погрешна информација. Истражувањата покажале дека маслиновото масло не ја менува својата структура, дури и доколку е загреано на 200 степени Целзиусови. Ова значи дека слободно можете да динстате храна. Имајте на ум дека ова не важи за пржење храна.

5. Маслиновото масло нема многу калории

Грешка! Иако е многу здраво и хранливо, сепак е масло. Има голем број калории, но за разлика од билното масло и маста има многу ниско ниво на лоши масти. Исто така, тоа е моќен антиоксиданс со висока хранлива вредност, поради што телото ќе ви биде благодарно.

6. Доброто маслиново масло има фантастичен вкус

Иако оние што сакаат маслиново, ќе се сложат со оваа констатација, треба да знаете дека кога маслото е чисто и свежо има многу јак вкус. Го карактеризира горчлив вкус кој малку го надразнува јазикот, што не им се допаѓа на многумина.