Забеган батка: „Сакал да се вози“ на крилото од авионот – летот заради тоа доцнел 4 часа (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еден човек беше приведен откако откако во саботата предизвикал инцидент на аеродромот во Лас Вегас, качувајќи се врз авионот на Алјаска ерлајнс, потврдил за Си-Ен-Ен портпаролот на аеродромот Џо Рајчел.

Авионот на летот 1367 од Лас Вегас до Портланд се подготвувал да полета од меѓународниот аеродром Мекаран кога пилотот забележал лице што се приближува до авионот и ја известил контролната кула, се вели во соопштението на Алјаска ерлајнс.

Човекот ја прескокнал заштитната ограда и се искачил на крилото на авионот. Видеото снимено од патник покажува човек како лази по крилото по што седнува и зборува нешто. Како што приоѓале полицајците, тој клекнал на колено и со рацете направил симбол на срце. После тоа, тој легнал на стомак и полека исползил.

На крајот бил уапсен и однесен во медицинска установа, а засега не е познато кој е тој и како успеал да се искачи на крилото.

Поради инцидентот, летот бил одложен за скоро четири часа.