За жал, не ме послушаа: Техничар открива како го преживеа авионскиот пад во Колумбија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ервин Тумири, техничар во авионот кој во стравичен пад се сруши во Колумбија, е еден од шестмината преживеани во таа авионска несреќа и открива како успеал да го преживее тој ужасен хорор.

Тумири раскажува како преплашените патници почнале да скокаат од своите места и да врискаат кога авионот почнал да паѓа неколку минути пред планираното слетување во Медељин. Тој падот го преживеал бидејќи во клучните критични моменти се однесувал според безбедносните процедури и совети, без да паничи.

„Преживеав бидејќи ги следев упатствата за однесување во случај на принудно слетување. Видов дека повеќето не се придржуваат до упатствата од пилотот. Се одврзаа, станаа од своите седишта и вриштеа. Јас го ставив мојот куфер меѓу нозете и се склопчив во положба на фетус. Правев сè како што наложуваат прописите за такви ситуации“, раскажува Тумири.

Тој, инаку, е еден од шестмината преживеани во несреќата во која загина 71 лице, меѓу кои речиси цел тим на бразилскиот фудбалски клуб Шапекоенсе и 20 новинари.

Друг член од екипажот кој ја преживеа несреќата е стјуардесата Химена Суарез, која го раскажа своето искуство.

„Некои 40 до 50 секунди пред падот почнаа да се гасат светлата во авионот, а после тоа почувствував удар. Понатаму не се сеќаам на ништо“, изјави Химена за спасувачката екипа која ја извлече од остатоците на паднатиот авион, а нејзините зборови ги пренесе портпаролот на провинцијата Антиокија (каде се сруши авионот), Луис Перез.

Стравичниот пад на планината Серо Гордо го преживеаја уште тројца фудбалери – Алан Рушел, Елио Ермито Сампјер Нето и Џексон Рагнар Фолман, како и новинарот Рафаел Енсел Валморбида.