За Заев недела е ден за мотори на Беласица


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кој каде, премиерот Зоран Заев во недела се знае – рекреација со мотор или кватроцикл на планина. Овој пат со синот пред синоќешниот митинг во неговата родна Струмица.

Заев и неговиот син Душко со омилен кватроцикл на премиерот се возеа по падините на планината Беласица.

Заев во повеќе наврати има истакнато дека негува огромна страст за возење мотори и кватроцикли и не пропушта слободно време да не се дружи со пријателите возејќи низ Македонија.