За заедничка Македонија денес со протести во Скопје, Битола, Прилеп, Штип и Кичево


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На иницијатива на здружението За заедничка Македонија денеска се најавени  протести во неколку градови низ државата меѓу кои  во Скопје, Битола, Прилеп, Штип и Кичево.

Организаторите на собирот велат дека целта е зачувување на унитарноста на државата.

На вчерашниот протест во Скопје беше најавено дека тие ќе се одржуваат секој ден се додека не се исполнат нивните барања, политичките партии да се обврзат дека ќе го почитуваат Уставот на Република Македонија и дека нема да работат на промена на името.