Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Женката булдог со име За За го освои најнеблагодарното признание за најгрдо куче на светот за 2018 на натпреварот кој се одржа во Калифорнија.
„Толку е грда, што тоа ја прави уникатна“, вели Меган Брејнард, сопственичка на кучката, откако таа ја однесе неблагодарната титула.
За За има необично долг јазик кој може да го исплази до земја, а од нејзината уста постојано течат лиги. Стара е девет години, а првите пет ги помина во продавница за миленичиња, од каде, преку Здружението за заштита на животни замина во домот на нејзината денешна сопственичка.