Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер е осуден на две и пол години затвор за воено профитерство во случајот „Хипо“.
Судот во Загреб го прогласи за виновен за афера која датира од војната во Хрватска, кога склучил штетен договор со „Хипо банка“ за купување згради на хрватската амбасада.
„Во 1994 и 1995 година, во времето на висока инфлација, владата тешко наоѓаше банки кај кои би се задолжила. Како преговарач со ‘Хипо банка‘, место да делува во интерес на Хрватска, Санадер договорил да му се исплатат пет отсто од договорениот заем од седум милиони шилинзи, со што незаконски се стекнал со 3,6 милиони куни“, кажа судијката Јасна Галешиќ.
Според зборовите на судијата, Санадер ја искористил својота положба и ги извршил делата злоупотреба на службената положба и воено профитерство. Осуден е на две години и шест месеци затвор, а времето кое го поминал во притвор ќе биде пресметано во казната. Исто така, Санадер мора да врати околу 486.000 евра во буџетот на Хрватска.
„На Санадер во тоа време би му требале 64 години за да ги заработи парите што ги доби од провизијата. Тој како заменик министер требаше да ги штити државните интереси“, додаде Галешиќ.