Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Amerikanec од Калифорнија за влакно избегнал смртта откако огромна карпа се сруши од ридот во Малибу, паднала врз неговиот автомобил и го здроби возилото.
Инцидентот се случил на автопатот Пацифик Коуст, каде Маурицио Хенао ја паркирал својата Тојота Приус спроти неговата куќа.
Само неколку моменти откако излегол од возилото за да се јави на телефон, слушнал силен звук и видел карпа од 4 метри како го пробива покривот на хечбекот и паѓа на возачкото седиште.
„Карпата е со големина на целата хауба“, изјави Хенао за станицата KTLA. „Сите шофершајбни се скршени, а рамката на автомобилот е искривена“.
Сопственикот на автомобилот верува дека телефонскиот повик што го натерал да излезе од автомобилот, му го спасил животот.
„Ми се јави девојката и ми рече: „Еј, можеш ли да ми ја земеш торбата што ја оставив таму“, па се вратив и слушнав татнеж “, изјави Хенао за ABC 7.
По страшниот настан, Хенао направил насмеано селфи со неговиот смачкан автомобил во позадина, но тој признава дека инцидентот не бил за смеење.
„Прилично сум потресен“, рече Хенао. „Искрено, мислам дека нема повторно да паркирам овде после ова. Малку сум истрауматизиран од целата оваа ситуација“.
„Чувствувам дека треба да играм Лото“, рече тој.