За три месеци истекува поддршката за Windows 7 – „најголемата болка на Microsoft“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со бројка од над 900 милиони инсталации, оперативниот систем „Windows 10“ веќе некое време важи за најпопуларен десктоп оперативен систем. Од друга страна, „Windows 7“ и денес останува најголема болка за Microsoft, чија поддршка наскоро истекува.

„Windows 7“ претставува втор најпопуларен десктоп оперативен систем а веќе му се приближува датумот за прекин на поддршка. Така Microsoft ги приморува корисниците да прејдат на понова верзија од „Windows“. На корисниците им преостануваат 99 дена да инсталираат „Windows 8.1“ или „Windows 10“ (или да се префрлат на друга платформа).

Препорачана опција од Мајкрософт е се разбира „Windows 10“. Меѓутоа преоѓањето на корисниците од „Windows 7“ на понов оперативен систем е тешка поради култниот статус кој го има овој оперативен систем.

„Windows 7“ често се опишува како последен оперативен систем кој нуди традиционално „Windows“ искуство, без продавници и останати модерни детали. Корисниците кои сакаат едноставен и класичен „Windows“ нема да имаат проблем да останат на „Windows 7“ дури и по престанувањето на поддршката за овој оперативен систем

На Мајкрософт тоа не му се допаѓа, а компанијата заедно со сигурносни експерти истакнуваат дека оние чиј систем ќе остане на „Windows 7“ ќе бидат изложени на напади заради багови без можност за нивна поправка.