За сообраќајна казна од 100 фунти по адвокати и судови фрлил 30.000 фунти


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


71-годишниот Ричард Кидвел од Велика Британија во последните неколку години потошил неверојатни 30.000 фунти на жалби по судови како негова реакција на казна за пребрзо возење од 100 фунти. За иронијата и трагедијата да биде поголема – на крајот и го загубил случајот.

Проблемите на пензионираниот инженер Ричард Кидвел започнаа кон крајот на 2016 година кога беше снимен додека патувал во Ворчестер со 55 км на час во зоната за 50 км на час. Но, тој не се согласувал со тоа, откако по неколку дена добил известување за тужба. Бил убеден дека не возел премногу брзо, па напишал во документот во кој требало да се изјасни за виновен дека „нема случај“.

Покрај тоа, ангажирал експерти за видео и електроника за да докаже дека нешто не е во ред со полициската камера за брзина. Но, она што не го очекувал е почеток на долга и скапа правна битка.

Во текот на последните неколку години, во обид да ја оспори казната од 100 фунти, Кидвел потроши повеќе од 30.000 фунти, вклучувајќи околу 21.000 фунти за адвокатски такси и 7,000 фунти во судски и патни трошоци.

Тој очекувал случајот да заврши многу брзо, но наскоро сфатил дека сè оди со многу побавно темпо отколку што замислувал. На пример, одел во Судот во Ворчестер четири пати пред да се сослуша неговата жалба.

Донел и експерт како сведок за да го убеди судот дека камерата за брзина можеби била во дефект или едноставно го снимила автомобилот во соседната лента, но судијата не сакал да ги слушне неговите аргументи.

„Жал ми е за количината пари. Само сакав правда“, вели Кидвел, додавајќи дека го потрошил најголемиот дел од она што сакал да им го остави како наследство на синовите. Иако ги потрошил парите , тој сè уште размислува да се жали на повисок суд.

„Уморен сум и болен од системот што толку ги мачи обичните луѓе“, заклучи пензионерот .