Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Огорчен љубител и експерт за дрва кој на Imgur се потпишува како Chillipatilli на градската управа од неговиот град им упатил необично писмо во кое ги предупредува дека ќе зажалат што го пресекле дрвото кое го посадил пред триесет години и три децении се грижел за истото, пренесува Bored Panda.
„Овде сум да ви ја раскажам приказната за смртта, новиот живот и одмаздата“, започнува неговото писмо во драматичен тон.
Имено, пред три години, градската управа на Редондо Бич, Калифорнија, одредила да се пресече триесет години старото дрво пред куќата од анонимниот жител бидејќи неговите корени почнале да го оштетуваат плочникот. Исто така, го натерале да ги плати трошоците за отстранувањето на дрвото и санацијата на плочникот. Тоа сопственикот прилично си го зел на срце.
„Го сакав Клајд. Сакав зад себе да оставам нешто што ќе ме надживее. Добро се грижев за него и го гледав како расте. И токму кога Клајд стана силен и кога почна да се вкоренува, градоначалникот одлучи да го сотре. Градоначалниче Стив Аспел, ми го убивте моето дете. За тоа ќе платите“, пишува револтираниот граѓанин.
Неговата одмазда беше навистина внимателно планирана. Неколку месеци после сечењето на дрвото, тој одлучи да засади 45 калифорниски секвои и 82 џиновски секвои, на разни места низ градот.
„Денес, корењето од секое од нив има размер од најмалку десет метри и се длабоко вкопани во земјата. Можеби сте забележале дрво кое ви расте пред канцеларијата или стебло кое почнало да расте во вашиот двор. Тоа е џиновска секвоја, а во следните неколку месеци ќе растат сè побрзо и побрзо. Ќе станат џинови. За неколку години ќе пораснат со висина од 30 до 100 метри“, ја опишува својата слатка одмазда тој.
Не пропушти да ги предупреди колку градот ќе го чине смртта на неговиот Клајд.
„За да отстраните само едно од тие стебла во овој момент ќе ве чини над 1.500 долари. Ќе добиете сметка за тоа, исто како што јас добив пред три години. Ви посакувам пријатен ден и да даде Бог градот да ви биде преполн со дрва“, пишува на крајот човекот.