За сите тазе и идни мајки и татковци: Прв водич за родители за здравје, раст и развој на детето


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Првиот Водич за родители за здравје, раст и развој на детето (од нула до три години) беше промовиран од страна на Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Република Македонија и канцеларијата на УНИЦЕФ.

Водичот за родители содржи совети и информации за се што треба да знае еден родител за најважните аспекти на здравјето, растот и развојот вклучувајќи правилна исхрана и доење, календар на имунизација, дијаграми на раст во висина и тежина, орално здравје, безбедност на детето и стимулација на менталните, физички, социјални и емоционални вештини.

Патронажните сестри ќе го споделат Водичот на родителите на сите новородени деца во земјата при својата прва посета, а тоа ќе им помогне што подобро да го користат за да можат да го мерат растот и развојот на своето дете.

Исто така, патронажните сестри ќе можат да го следат целосниот развој на бебињата и на малите деца, да идентификуваат рани знаци на развојни тешкотии и да обезбедат поддршка за родителтие и семејествата. Со помош на овој прирачник сите родители ќе добијат можност да го прават најдоброто што можат во грижата за своите деца.

Водичот е изработен во соработка со Министерството за здравство, Здружението на педијатри, Здружението на неонатолози и Здравствен дом – Скопје.