За сите кои сакаат да се преселат во Италија: Владата подарува над 100 замоци и вили


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


 Ако Италија е земја во која од секогаш сте сакале да живеете, еве можност тоа и да го остварите, објави National Geographic.

Италијанската влада подарува 103 историски места вклучувајќи дворци, манастири и кули. Во сопственоста, која Италијанците се подготвени да ја подарат се наоѓа и дворецот од 11 век Кастељо ди Блера во Лацио и дворецот од 13 век Кастељо ди Мотефиоре во источниот регион Марке. Сепак, пред да почнете да се пакувате, мора да знаете уште нешто. Италијанската влада ги подарува градбите на луѓе кои ќе им покажат конкретни планови за реновирање и идеи како ќе привлечат луѓе и ќе го зголемат туризмот во одредените региони.

Дали ќе сакаат да ги претворат во хотел, спа, ресторан или некоја друга туристичка атракција, сопствениците мора да покажат на кој начин ќе привлечат туристи во своите нови одаи.

Оваа идеја е дел од италијанскиот стратешки план за туризмот кој ќе го промовира и поддржи развојот на бавниот туристички сектор, а цел е приватните и јавните згради кои повеќе не се користат да се претворат во места кои ќе привлечат верници, планинари, туристи и велосипедисти.

Тие кои ќе бидат успешни во прикажувањето на своите планови, ќе добијат градба на период од девет години, а потоа ќе се разгледува опција да се продолжи сопственоста на уште девет години. Најдобрите идеи за одредени места можат да се наградат со изнајмување на 50 години.