За сите кои постат: Препорачани намирници за силен имунитетот за време на постите


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Велигденскиот пост, најдолгиот и најстрог пост во годината, започна за сите православни верници кои секоја година ги следат и почитуваат овие верски одредени предвелигденски правила и принципи.

Бидејќи е сезона на вируси, постот би ни годел затоа што консумирањето месо во време на болест дополнително ја зголемува телесната температура. При пост, посегнуваме по овошје и зеленчук, храна богата со витамини и минерали, кои се клучни за силен имунитет.

Фактот што изборот на храна за време на постот не е многу голем, не е воопшто лош за нашето здравје, затоа што тогаш не јадеме преработена храна, месни производи, производи со шеќер.

Еве што треба да јадете за време на постот за да му помогнете на вашиот имунитет да биде силен, ако не и посилен од вообичаеното!

Лукот е природен борец против патогени бактерии, габи и вируси. Покрај тоа, тој е богат со витамини и минерали, особено витамин Ц и селен.

Фолната киселина, која се препорачува за бремени жени, исто така треба да биде дел од секојдневната исхрана на секого, меѓу другото затоа што фолна киселина е одговорна за црвените крвни зрнца и „бришење“ на ДНК дефекти што се јавуваат при заболувања и нездрав начин на живот. На овој начин природно и безболно се третираат предизвикувачи на последици како што се астма, автоимуни болести. Фолната киселина може да се најде во портокали, житарки, зелен зеленчук.

Цинк е исто така заслужен за отпорноста кон вируси. Овој клучен минерал можете да го најдете во семиња.

Коприва, какао, цвекло и леблебија изобилуваат со железо. Леблебијата содржи дури двојно повеќе железо одколку што има во иста количина месо. Какаото е исто така богато со магнезиум, така што ако имате желба за чоколадо, вашето тело всушност може да бара магнезиум, кој е одговорен за релаксирање на мускулите и нервниот систем.

Сусамот содржи повеќе калциум од млечните производи и се користи во лекувањето на коски. Меѓутоа, само сомеленото семе од сусам е корисно за организмот (истото важи и за лененото семе), бидејќи така се апсорбираат хранливите материи од внатрешноста на семето. Оние кои имаат заболувања на бубрезите, како што се камења во бубрезите, треба да бидат внимателни, зголемената употреба на сусам може да резултира со дијареја, но умерена употреба значително го подобрува крвотокот, бидејќи сусамот покрај калциум содржи големи количини на железо, витамин Е и други витамини и минерали.

Оригано е исто така добар придружник во борбата против вирусните инфекции кои влијаат на респираторниот систем.

Циметот го намалува воспалението.

Медот им помага на респираторните органи.

Чајот од ѓумбир го зајакнува имунитетот, но во големи количини може да го стимулира крварењето, па затоа не треба да се претерува со него.