Вебкафе

За сите кои погрешно ја мијат косата: Совети за фризура како од модно списание

Професионален фризер од Лондон дава совети како правилно да се мие косата за таа секогаш да биде убава и здрава.

Големи се шансите дека веќе си имате зацртано една рутина за миење на косата и не отстапувате од неа. Но, ако една од овие работи е дел од таа ваша рутина, можеби е време да направите некои промени.

Имено, еден од најпознатите лондонски фризери, Пол Виндл, за Harper’s Bazaar открива правила за миење на косата до кои треба да се придржува секој кој сака да има здрава и убава коса.

Пред сè, луѓето користат премногу шампон. „Тајната е во тоа да користите мало количество шампон и косата да ја шампонирате два пати“, вели Виндл. Исто така, внимавајте после шампонирање косата добро да ја исплакнете за да не ви останат траги од шампонот на темето и кожата под косата.

„Ако уживате во масажа на главата, внимавајте како ја правите. Немојте пресилно да го масирате скалпот, ниту со нокти да поминувате по кожата. Притисокот нека биде минимален. Скалпот не ви е толку валкан колку што мислите“, порачува Виндл.

„Ако сте меѓу оние кои косата после миењето ја тријат со крпа, веднаш престанете да го правите тоа. Наместо да ја триете, косата лесно тапкајте ја со крпата за да се впие вишокот вода од неа и оставете ја да се исуши по природен пат, без фен“, препорачува Виндл.

Држете се до овие правила и вашата коса ќе ви биде благодарна за тоа.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top