Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
21-годишниот Ник Сантонастасо страда од Ханхартов синдром, нарушување проследено со различни степени на јазични оштетувања и недостаток на екстремитети. Но, тоа не го спречи Ник да стане вистинска бодибилдинг и YouTube ѕвезда и мотиватор за многу луѓе да се посветат на вежбањето и здравиот живот.
Со процент на можност за преживување од само 30%, Ник сепак успеал да докаже дека е посилен од сè. На YouTube е објавена снимка на која Ник крева огромна гума од 70 килограми. Тој тврди дека е еден од 12 луѓе кои се родиле со тоа нарушување, а осум починале.
Храбриот и вреден Ник редовно споделува фотографии и видеозаписи на социјалните мрежи и добива огромна поддршка од пријателите.
„Наспроти хендикепот кој го имам, од секогаш сакав да бидам фитнес модел тренер по бодибилдинг и мотивационен говорник. Се трудам да си ги остварам желбите“, вели младиот Ник, пример за многу бодибилдери ширум светот.