Home Вебкафе За сите кои мразат жежок песок и камчиња: Иновација која ќе биде хит на плажите

За сите кои мразат жежок песок и камчиња: Иновација која ќе биде хит на плажите

Ако и вие сте едни од оние луѓе кои мразат да одат по жежок песок и камчиња на плажите во летниот период, еве го решението за вашиот проблем.

Италијанците дојдоа на идеја да иновираат нешто што ќе биде одлична заштита на вашите стапала,  а да не мора да носите буквално никакви обувки – Nakefit. Не се ниту влечки, ниту апостолки, ниту нешто слично на обувка, а сепак нудат максимална заштита.

Во суштина, вие одите боси, со тоа што стапалото си го заштитувате со оваа „лепенка-обувка“ која се лепи на стапалото за безболно шетање по секаков терен.

Производителите велат дека Nakefit се водоотпорни и ги штитат стапалата од повреди, а истовремено ногата ви диши најприродно и најнормално.

Дефинитивно ќе бидат хит на плажите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Заборавете на флеките: моќни серуми за сјаен и изедначен тен што му пркоси на времето

Заборавете на дамките: Моќни серуми за блескав, изедначен тен што му пркоси на времето Сек…