За сите кои имаат проблем со мрсна коса – еве го лекот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Брзото мрсење на косата е чест проблем и нервоза со кој се соочуваат многу луѓе, па нејзиното одржување навистина претставува предизвик.

На пазарот постојат голем број препарати за мрсна коса, но не сите делуваат кај секого што има ваков проблем. Но, рецептот за домашен шампон за мрсна коса може да биде вистинското решение за сите кои се соочуваат со оваа непријатна појава.

Со помош на овој шампон вашата коса помалку ќе се масти и ќе изгледа здрава и негувана.

Рецепт: Содата бикарбона помешајте ја со вода во размер 1:3, значи на една количина сода одат три количини вода.

На пример, за коса со должина до рамена доволни се две до три кафени лажички сода.

Смесата нанесете ја на сува или мокра коса, од коренот кон врвовите и оставете ја да делува една до две минти. Потоа исперете ја со вода.

Потоа, исперете ја косата со смеса од оцет (алкохолен или вински) и вода во размер 1:4. За да се намали силниот мирис на оцетот во смесата додадете етерично масло со мирис по желба и исплакнете ја со вода.

Со оваа постапка, ќе имате коса со блескав сјај.