За Швеѓаните и Данците ЕУ не е предизвик – би сакале „Нордиска Унија“!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Додека Македонија по цена на името, идентитетот и историјата се труди да стане дел од НАТО и Европската Унија, за скандинавските земји тоа не е предизвик, туку би сакале да бидат дел од нивна – Нордиска унија.

Значителен дел од граѓните на Шведска и Данска повеќе сакаат да бидат дел од „нордиска унија“ отколку од Европската унија, покажа најновото истражување.

Членки на „нордиската унија“ би биле Шведска, Данска, Норвешка, Финска и Исланд.

Истражувањето Сентио за норвешнкиот весник Калсекампен опфати околу 1.000 луѓе во Шведска, Данска и Норвека.

На граѓаните им е поставено прашањето за кој вид партнерство се – сегашната состојба, каде Шведска и Данска се во ЕУ, а Норвешка во Европскиот економски простор, или за нова „нордиска унија“ со заедничка политика во многу области.

Како што се покажа, 47% Швеѓани и 45% Данци, предност и даваат на „нордиската унија“ додека за ЕУ се 32 односно 36%. Останатите одговорлие дека не знаат.

На испитаниците во Норвешка им е понудена и трета можност, со оглед дека не се дел од ЕУ. Повеќе од половината Норвежани (52%) сметаат дека нивната земја треба да остане во сегашниот партнерски однос со ЕУ, 31% се за „нордиска унија“, а само 10% за членство во ЕУ.

Граѓаните на Финска и на Исанд, земји кои би биле во „нордиската унија“ не се опфатени со истражувањето.