За брачната едукација и придобивките од истата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Брачната едукција, претставува образување на младите луѓе за бракот, брачните вредности и односи, потоа стекнување комуникациски и емотивни вештини потребни во односот со партнерот и децата, како и обука за справување во кризни ситуации.

Главната цел на брачната едукација е создавање и одржување на среќен брак. Последнава деценија брачната едукација е распространета во Соединетите американски држави, Канада и Австралија и во некои европски земји. Може да се сретне како дел од формалното образование, во облик на предмет за средно образование или како посебен курикулум на некои студии, како задолжителен курс пред стапување во брак. Брачната едукација може да биде наменета за средношколците, студентите, двојките пред стапување во брак и за младите двојки кои веќе се во брак.

Голем е опсегот на прашањата кои ги опфаќа брачната едукација за учениците: брак, вонбрачна заедница, родителство, партнерски односи, задравиот сексуален живот, семејно насилство. Освен теоретскиот пристап, потребно е изучување на практични вештини и задачи за подобрикомуникациски вештини и справување со проблемите.

Со цел знаењата за бракот да се стекнат пред стапувањето во брак и да опфатат поголема општествена група, соодветно би било да се инкорпорираат како курс во средното образование. Замислена е како основна рамка според која младите луѓе би ги граделе своите ставови, гледишта и очекувања за бракот и семејството и потоа низ животот би ги надградувале овие знања. Не е исклучена потребата од постоење на центри и советувалишта кои ќе помагаат тогаш кога проблемите неможат да се решат во кругот на семејството, но претпоставката е дека воведувањето на брачната едукација ќе превенира тие да се појават, или, барем да немаат фатални резултати.

Постоењето на брачната едукација е секако придобивка за Република Македонија. Имајќи ги во предвид позитивните искуства на земјите (79% позитивен feedback, односно партнерите кои посетувале брачна едукација пред да стапат во брак имаат подобри перформанси во бракот) може да се предвидат позитивни очекувања.
Едукацијата може да ја спроведуваат семејни едукатори кои како спремен кадар излегуваат од Институтот за семејни студии при Филозофскиот Факултет во Скопје. Семејните едукатори поседуваат:

  • Oпшти и специфични знаења од областа на семејството и основните поими (домаќинство, роднинство, брак, детство, родителство);
  • Располагаат со методолошки вештини за анализа на семејството, факторите на влијание, различните семејни форми;
  •  Способност да организираат обука и настава за адолесценти во институционални и вонинституционални услови, исто така да вршат инстурктивно-консултативна работа со ученици;
  • умеaт да ги препознаaт проблемите на современите семејства и можат да ги утврдат потребите од предбрачно и брачно советување и слично.

Затоа тие претставуваат соодветен кадар кој би ја вршел брачната едукација. Посредството на семејни педагози и психолози би додало на значење на целокупниот ефект.

Доц. д-р Македонка Радуловиќ
Институт за семејни студии, Филозофски факултет