За Сампдорија е скап, Ристовски се сели во Турција!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Медиумите од Италија пренесуваат дека Сампдорија се откажува од намерата да го ангажира репрезентативецот на Македонија, Сефан Ристовски поради превисоката цена.

Ријека за услугите на десниот бек бара 2,5 милиони евра, раководството на Сампдорија изминативе денови се обидело да ја намали цената, но клубот од Хрватска не сакал да слушне за ова.

Во игра за потписот на Ристовски сепак останува Башакшехир, кој е во преговори со Ријека и се говори дека двата клуба се блиску до постигнување договор.

Истанбул Басакшехир е сензација во турското првенство, откако оваа екипа по 16 одиграни кола има скор од 10 победи и шест реми и се наоѓа на првото место на табелата