За само еден месец светот НА ВИДЕО ИГРИ потроши скоро 9 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Порталот SuperData Research, во сопственост на компанијата Nielsen, објави статистика според која играчите на видеоигри во светот само за додатоци во мај годинава потрошиле речиси девет милијарди долари.

Според статистичките податоци кои ги објави споменатиот портал, само во мај оваа година, заразените фанатични „гејмери“ за видеоигри и дигитални додатоци поврзани со нив потрошиле 8,7 милијарди долари.

Иако се чини дека сумата е неверојатно висока, тоа е за 4 проценти помалку отколку во мај минатата година. Причината е пад на потрошувачката на мобилните игри за шест проценти , кои имаат поголем удел отколку игрите на компјутер и конзоли заедно.

На компјутерските платформи и натаму доминиора League of Legends , додека на второ место се најде Dungeon Fighter Online, која е популарна во азиските земји. Потоа следува кинескиот MMORPG Westward Journey Online II, а по неа и другите игри популарни на западниот пазар.

Од игрите на конзоли најпопуларни се оние на Fortnite и FIFA.Втората е значително падната во однос на играчите минатата година , што се смета дека е поради светското првенство во фудбал во Русија.

На мобилните платформи играчите најмногу пари издвоиле за играта Honour of Kings, а потоа за Perfect World, Candy Crush и Clash of Clans.