Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во Мордовија во функција беше пуштен новиот радар ОТХ на Воздухопловно- вселенските сили на Русија, „Контејтер“, за кој, како што велат експертите, не постојат невидливи авиони.
„Овој систем може да ги детектира и невидливите авиони на оддалеченост од 3.000 километри“, изјавил главниот конструктор на радарската станица Михаил Петров.
„Авионите направени со помош на стелт технологијата за нас не се невидливи. Ние секако ги гледаме и следиме на граница од околу 3.000 километри“, истакнал Петров, пренесува „Спутник“.
Конструкторот Петров објаснил дека приемната антена на новиот радарски систем го детектира сигналот кој се враќа од Европа,од земјите од Персискиот залив, Кина, Казахстан и така натаму. Сигналот се емитува од центарот за емитирање на неколку десетици километри од радарот. Новата станица применува принцип на одбивање на сигналот од јоносферата.
„Во светот вакви станици не постојат. САД, Велика Британија, Франција ги развиваат ваквите средства, а Кина активно работи на тоа. Но,ваква структура со така моќен софтверски и алгоритамски комплекс нема никаде во светот“, потенцира Петров.
Тој воедно истакнал дека најсложената задача на оваа комплексна опрема е што со обработка на сигналите може да ги издвојува целите како што се бомбардери, крсторувачки ракети, носачи на авиони. Системот може да следи и мали летала како авиони „Цесна“.