ЗА ПРВПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Ќе имаме неверојатен пренос од Ел Класико


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Се е подготвено за утрешното Ел Класико, најголемото дерби во светот. Се соочуваат најголемите клубови на денешницата, каде што настапуваат и најголемите ѕвезди.

Утрешниот Ел Класико ќе биде прв во историјата кој ќе биде пренесуван во 4К Ултра ХД квалитет. Преносот ќе се одвива на 50 интернационални ТВ куќи во 185 земји ширум светот.

За тоа ќе бидат задолжени 44 фиксни камери на стадионот (од кои осум 4К Ултра ХД) и една камера од воздух. Исто така две камери ќе бидат посебно фокусирани на Кристијано Роналдо и Лионел Меси. За се да оди како подмачкано, само за ТВ преност ќе се грижат, верувале или не, над 400 луѓе.