За првпат со ново име: Македонија утре ќе одбележи 28 години независност


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако со Преспанскиот договор беше променето името на Македонија за севкупна употреба, нашата држава утре ќе одбележи 28 години независност.

На 8-ми септември 1991 на референдум македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена Република Македонија. Сега, 28 години подоцна со ново име, наметнато под уцена од Грција, а прифатено само од 36% од граѓаните на референдум, Македонија го одбележува својот празник.

Одбележувањето ќе започне денеска попладне кога од касарната „Илинден“ ќе бидат испалени 10 плотуни од страна на единицата на артилерискиот баталјон на Армијата.

Под мотото „Боите на независноста“ утре кај Школка во Градскиот парк ќе се одржи прослава организирана од страна на Владата. Најавено е обраќање на премиерот Зоран Заев.

Во рамки на прославата ќе има богата културно-уметничка и забавна програма. Ќе настапат Петко и „Пет плус“, групата „Ај кју“, Виолета Томовска, Елита Зибери и диџејот Драган Б. Костиќ.

Граѓаните ќе уживаат во традиционалната храна, ќе учествуваат во спортски активности и ќе имаат можност да ја видат изложбата подготвена од деца од малите групни домови. На посебен штанд на Министерството за здравство, ќе можат да измерат крвен притисок и да извршат очен преглед. Припадниците на Министерството за внатрешни работи и на Армијата ќе изведат показни вежби.

Одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста ќе почне со положување цвеќе на партизанските гробишта во Бутел и на вечните почивалишта на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски и на поранешниот претседател Киро Глигоров.