За прв пат во Македонија учебници на Браево писмо


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес се промовираа 120 учебници за основно образование (1 до 9 одделение), на македонски и албански јазик, адаптирани и печатени на Браево писмо за учениците со пречки во видот.

Од овој септември слепите ученици ќе имаат можност да користат свои учебници и се чекор поблиску до еднакви услови за образование како и другите ученици.

 

Книгите кои од денес ги имаат овие ученици се дел од проектот за деца со пречки во видот, поддржан од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и Меѓународната фондација на Лајонс клубовите.

Проектот има за цел да ја промовира инклузијата на лицата со пречки во видот во различни активности и да ги мотивира да станат активни застапувачи на нивните права