За пет минути возење 950 долари – „касапница“ на див таксист


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Турист кој бил во посета на Нов Зеланд бил жртва на див таксист кој за пет минути возње низ Велингтон му наплатил скандалозни 950 долари.

Кога туристот го напуштил возилото и почнал да станува видно нервозен, возачот побегнал, но сепак, патникот успеал да види од која такси-компанија е автомобилот.

Забележал дека таксистот има лиценца на предното седиште и „ништо не укажувало на тоа дека нешто не е во ред”.

Било оценето дека се работи за фирмата Такси Велингтон, но оттаму потврдиле дека таксистот не е вработен кај нив.

Тоа значи дека лиценцата била лажна, а такси возилото – нелегално.