За него Сити пред четири години плати 32 милиони евра, а денес тренира со четвртолигаш


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Се сеќавате на Вилфред Бони, напаѓачот кој Манчестер Сити пред четири години доведе од Свонси за 32 милиони евра?

Денес 30 годишниот напаѓач е без клуб и тренира со четвртолигашот Њупорт, пишува Спортски.мк.

„Одлично е да имате ваков играч во тимот. Се труди на тренинзите и е вистински професионалец“, го пофали тренерот на Њупорт, Мајк Флајн.

https://twitter.com/BBCSport/status/1161030850143772672/photo/1

Бони во Сити одигра 46 натпревари и постигна 11 голови. На позајмицата во Стоук постигна само два гола, а потоа се врати во Свонси за 13 милиони евра.

Во клубот во кој се прослави не супеа да ги повтори настапите од сезоната 2013/14 кога постигна вкупно 25 голови. Свонси испадна од лигата, а Бони не блескаше ниту во втората лига каде што на теренот помина само 181 минута и постигна еден гол.

Велшкиот клуб одлучи да го позајми во Ал Араби за ова лето да го раскине договорот со него.