За неа мажите беа „променлива“, сексапилот „константа“: Како изгледа денес актерката и Плејбој зајачица


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Данската актерка и некогашен „Плејбој“ модел, 53-годишната Бриџит Нилсен, им ги кршела срцата на холивудските заводници и важела за една од најубавите жени на светот.

8-12-brigit-nielsen3

Се прослави со улогите во филмовите „Црвената Соња“, „Кобра“, „Роки“ и „Полицаецот од Беверли Хилс“, и во 80-тите години од минатиот век била идеал за убавица – висока, тенка со облини на вистинските места, тенка половина и долги нозе, била сè што мажите сонуваат. Во „Црвената Соња“ играла рамо до рамо со Арнолд Шварценегер, а од филмот „Роки“ излегла со свршенички прстен кој ѝ го дал Силвестер Сталоне.

8-12-brigit-nielsen1

Бриџит неодамна рекла дека имала кратка сексуална афера со Шварценегер во времето на „Црвената Соња“ и дека со неа ја изневерувал Марија Шрајвер со која подоцна се оженил.

8-12-brigit-nielsen7

„Се чувствував како да сум му единствена. Тогаш сфатив дека е со Марија и се почувствував измамена. Можеби не би влегла во таа авантура доколку на почетокот ми кажеше: Ќе се оженам со Марија и тоа е многу сериозно“, рекла Бриџит.

8-12-brigit-nielsen6

**THIS IMAGE HAS NOT YET BEEN INDEXED BY THE LIBRARY.  IF IN ANY DOUBT ABOUT COPYRIGHT,CAPTION OR FEE CONTACT LIBRARY OR PICTURE DESK **  pkt1768-126634 BRIGITTE NIELSEN In a dress that made the imagination take flight, Brigitte Nielsen to Los Angeles hoping to win back ex-husband Sylvester Stallone. ES 24.6.97 (p25) D/M 24.6.97...ACTRESS

Дека славната убавица била и тоа како посакувана сведочи и бројот на нејзините бракови од кои последниот траел повеќе од 2 години. Тука бил и Каспер Виндинг со кој минала само една година. Потоа речиси веднаш стапила во брак со Силвестер Сталоне, а од него се развела во 1987 година, по две години љубов. Направила пауза во времето кое го минувала со Шон Пен, а потоа во 1990 година се омажи со Себастијан Копленд. И тоа траело само две години, а потоа во нејзиниот живот влегол Раул Мејер со кој останала подолго – дури 12 години. Една година по разводот со него, се омажила со Матио Деси. Бриџит инаку велела дека Сталоне бил многу лош во кревет, и дека се чувствувала како да му е автомобил, а не жена. Исто така рекла дека од бракот излегла незадоволена.

8-12-brigit-nielsen4

8-12-brigit-nielsen2

Долго се борела со зависноста од алкохол, а тоа кулминирало во 2012 година, кога во медиуми се појавила нејзина фотографија од парк во Лос Анџелес. Таа пиела водка директно од шишето, пушела и се клатела низ паркот. Денес, изгледа, успеала да се избори со тоа.

8-12-brigit-nielsen8

Бриџит денес изгледа многу поразлично, но треба да се земе предвид дека поминало многу време од периодот кога светот воздивнувал по неа. Денес е во среќен брак, ѝ е здрава и мошне успешна жена.

8-12-brigit-nielsen9