Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Поранешниот началник на тајната полиција, Горан Грујевски кој е првообвинет во случајот Тврдина 2 на СЈО и е на боледување, бил уловен од приватен фотоапарат во близина на рибник кај местото Долно Другово, Кичевско, дознава Макфакс.
На минатото рочиште за случајот Тврдина 2 оправдување за неговото отсуство достави адвокатот Петар Василев кој приложи и медицинска документација за состојбата на Грујевски.
Отсуството на обвинетиот Грујевски според обвинителите на СЈО е симптоматично, бидејќи тој е забележан во кругот на МВР и затоа побараа снимки од видео-надзорот и од системот за евиденција. Одбраната пак, тврдеше дека со тоа се прави притисок врз обвинетиот.