За моќта на пасошите: И тоа го доживеавме – Македонија да биде пред САД во меѓународна политика според ОН


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На поле на меѓународна политика и односи, коронавирус пандемијата принудно воведе сосема поразлична рестриктивна политика. Сепак, и оваа година Обединетите нации не ја изоставија листата на најмоќни пасоши на која ги рангираа пасошите на 193 земји членки.

Листата се заснова на тоа колку на земјата со пасош ѝ е одобрен безвизен пристап или виза добивате по влез во земјата.

Иако пасошот на Нов Зеланд е прогласен за најмоќен, сепак треба да се знае дека во овој момент на граѓаните на оваа островска земја им е препорачано да се воздржат од меѓународни патувања, пишува Индепендент.

На сите нѝ е познато дека оваа година пасошите се една од работите кои ретко кој ги користеше.

По Нов Зеланд кој обезбеди прво место со оцена 129 следуваат Германија, Австрија, Луксембург, Швајцарија, Ирска, Јужна Кореа, Јапонија и Австралија, сите со оцена 128 и делат второ место.

На трето место се Шведска, Белгија, Франција, Финска, Италија и Шпанија, додека Велика Британија е на четврто место заедно со Холандија, Данска, Португалија, Литванија, Норвешка, Исланд и Канада.

САД не се наоѓаат ни во првите 10, односно тие се рангирани на 21 место заедно со Малезија, со безвизен пристап во 52 земји и виза по доаѓањето за 40 дестинации, а пред нив е и Македонија, но и речиси сите земји од Балканот.

Македонија е на 16 место, додека Србија е на 14, Црна Гора на 18, Словенија на петто, Хрватска осмо, Романија и Бугарија на деветто, а БиХ на 19.

На крајот на листата се Авганистан и Ирак, кои имаат оцена од само 31, а следуваат Сирија 34-, Сомалија 35 и Јемен 36.

Индексот на посоши нагласува дека пандемијата од корона вирус имаше хаотично влијание на севкупната отвореност на светот.

„Покрај големата нестабилност на пасошката моќ во текот на годината, Индексот на пасоши ја ажурираше ранглистата во реално време, прикажувајќи го вистинскиот ефект на пандемијата на рангирањето на пасошите“, наведуваат на официјалната страница.

Податоците се јасни: Со привремените забрани за патување и визните ограничувања, многу земји кои некогаш имаа моќен пасош, сега се меѓу најниските во светот.