Home Актуелно За Министерствот за здравство и чистењето во болниците е настан за фалење

За Министерствот за здравство и чистењето во болниците е настан за фалење

Министерот за здравство Фатмир Меџити ги искористи социјалните мрежи да се пофали дека во Клиничкиот центар Мајка Тереза се правело генерално и темелно чистење.

„За време на викендот, спроведовме акција- генерално и темелно чистење на клиничкиот комплекс. Посебен фокус ставаме на грижата за хигиената, што е значајно и за пациентите и за здравствените работници“, се вели во објавата на официјалната фејсбук-страница на Министерството за здравство.

Има време, ќе дојдеме пак до моментот кога здравјето ќе биде единствен примарен интерес во македонското здравство. А дотогаш „да се радуваме и кога џогерот и метлата играат оро по болниците“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…