Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Цела југословенската рок елита од осумдесеттите години обединета на едно место, за благородни цели, во колективна изведба на песната „За милион години“.
Под колективно изведувачко име „Ју Рок Мисија“, најпознатите рок ѕвезди од југословенските простори во ’80-те години ја изведуваат песната „За милион години“, компонирана и аранжирана од Драган Илиќ, со текст од Младен Поповиќ.
Поп и рок ѕвездите од тогашна Југославија со овој проект упатија поддршка на Боб Гелдоф, кој се активистички се бореше за човечките права во Африка. Неговиот хуманитарно-уметнички активизам кулминираше со концертот „Live Aid“ на 13 јули, 1985 година.
Покрај песната „Do They Know It’s Christmas?“, која ја снимија музички изведувачи од Велика Британија, како и многу слични проекти на изведувачите од САД, многу држави, исто така, се придружија на кампањата од Гелдоф. Освен Југославија, меѓу нив беа и Канада, Германија, Австрија, Норвешка и други.
Југословенскиот музички „дрим-тим“ вклучуваше музичари како Оливер Мандиќ, Жељко Бебек, Марина Перазиќ, Бајага, Аки Ракимовски, Слаѓана Милошевиќ, Дадо Топиќ, Здравко Чолиќ, Јура Стублиќ и многу други. Гитарското соло го свиреше Влатко Стефановски.
За крајот на камапњата, југословенските музичари ја изведоа оваа песна на осумчасовниот концерт на 15 јуни, 1985 година, во Белград. Спотот за оваа песна беше прикажан и на многу други светски телевизии. На 13 јули, 1985 година, беше прикажан и во рамки на „Live Aid“ концертот во Лондон, со проекција на огромен видео-екран.
Еве како изгледаше и звучеше тоа.