За Меси до гроб – буквално: Се самоубил поради поразот на Аргентина


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Индиецот Дину Алекс, кој како што пренесуваат локалните медиуми, важел за голем навивач на аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси, извршил самоубиство откако го догледал мечот на кој Аргентина беше поразена од Хрватска со 0:3.

Откако завршил натпреварот Дину оставил порака со зборовите „немам повеќе за што да живеам“ после што исчезнал, а полицијата по него трагала со денови. Телото на 30-годишниот Дину од селото Армур е пронајдено во блиската реко. Се верува дека скокнал во реката и се удавил.

Таткото на Дину изјавил дека неговиот син бил голем обожавател на Меси и дека причина за самоубиството е што Меси и Аргентина очајно играле и освоиле само еден бод од два меча.

„После натпреварот плачеше и го исклучи мобилниот“, открило семејството.

Неговите пријатели изјавиле во полиција дека Дину бил убеден дека Аргентина ќе стигне далеку во Русија, па дури и дека ќе ја освои светската титула.