Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поранешниот Маршал бил голем љубител на спортот, но прашањето за кого навивал беше вечна дилема во поранешна Југославија.
Она што е добро познато кај Тито е дека знаеше многу за спортот и присуствуваше на поголемите спортски настани.
Тито почина на дешен ден и во негова чест ви пренесуваме дел од текстот каде што тој зборува за Звезда, Партизан, Динамо и Хајдук.
„Не навивам за ниту еден тим. Но кога игра репрезнтацијата редовно ги следам натпреварите. Јас не смеам да бидам навивач! Како тогаш би бил претседател? Јас морам да навивам за сите наши тимови. Ми се допаѓаат Партизан, Динамо, Звезда и други тимови…Само не ми се допаѓа кога играат грубо“, изјави тогаш Тито.
Сепак, тогашниот Маршал во една прилика можеби случајно откри дека навивал за Хајдук. Во текот на еден прием на тогашниот капитен на Хајдук Драган Холцер кој му кажал дека клубот од Сплит ќе биде нов шампион, Тито одговорил:
„Знам. И ви честитам. Тоа беше мој клуб. Вие бевте најдобриот тим“.
Она што исто така му пречеше на Тито беа нередите на трибините, но и трансферите на фудбалерите.
„Не сакам тоа што од време на време, посебно во фудбалот, се случуваат нереди. Навистина ми е напријатно поради тоа. Посебно кога тоа се случува со намера. Тоа не е спортски. Поради тоа нашите спортисти не би смееле да си дозволат такво нешто. Нивното однесување мора да биде примерно“, изјавил своевремено Тито и додал.
„Не ми се допаѓа ниту купопродажбата на фудбалерите“.