За Ким Кардашијан и затворот е место за „позерај“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американската и планетарно популарна „старлета“ и „риалити“ ѕвезда, Ким Кардашијан, подготвува документарен филм за правниот систем во САД, па за потребите на филмот го посети затворот во Вашингтон.

Ким не ја пропушти ни оваа прилика за едно селфи, па позираше со затворениците и ги постави фотографиите на интернет.

„Запознав толку многу прекрасни луѓе кои едвај чекаат да ги споделат нивните приказни со вас. Снимавме документарец, се надевам дека ќе научите нешто за правниот систем како што научив јас“, напиша Ким.

Како што порано има најавено, Ким Кардашијан планира да положи правосуден испит и да започне адвокатска кариера.