Home Спорт За историја: Скијањето го доби најстариот освојувач на злато на ОИ

За историја: Скијањето го доби најстариот освојувач на злато на ОИ

Аксел Лунд Свиндал со денешната победа во спустот на ЗОИ во Пјонгчанг стана највозрасниот освојувач на златен медал во алпските дисциплини во историјата на Олимписките игри.

35-годишниот Норвежанец триумфираше во машкиот спуст со резултат 1:40.25, пред неговиот сонародник Кјетил Јансруд, со 12 стотинки заостанување. Фаворитот број еден, Беат Фојц од Швајцарија, мораше да се задоволи со бронзениот медал.

Ова е второ олимписко злато за Свиндал, по она во супервелеслалом во Ванкувер, пред осум години. На тие ОИ има сребро од спустот и бронза во велеслалом. Неговата кариера датира уште од 2002 година, кога освои злато на јуниорското светско првенство во комбинација.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…