За инает на организаторот: Ги фрли потпетиците и боса прошета во Кан


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Американската актерка Кристен Стјуарт, за разлика од останатите славни убавици кои „палеа и жареа“ по црвениот тепих во Кан, ги соблече потпетиците и боса се прошета на филмскиот фестивал во ова монденско место.

Стујарт се прошета по црвената патека пред премиерната проекција на филмот „Blackkklansman“ од Спајк Ли. Прво позираше пред фотографите, а потоа ги соблече своите високи потпетици потпишани од Christian Louboutin и се прошета боса по црвениот тепих.

Наводно, тоа го направила за инает на правилата од организаторот на Канскиот филмски фестивал според кои сите жени се должни да носат високи потпетици на црвениот тепих.

„Нештата мора да се променат“, изјави Стјуарт за vanity Fair пред две години кога беше исто дел од црвениот тепих во Кан без да ги почитува модните правила.

Претставниците на Канскиот филмски фестивал за ова правило велат дека е само гласина која кружи во јавноста, но во прилог на тоа нивно тврдење не оди фактот што во 2015 година вратија неколку жени на педесет и нешто годишна возраст кои поради здравствени причини на црвениот тепих се појавиле со рамни обувки.