За германскиот гигант нема зима: Фолксваген со 44 насто зголемен профит


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Германскиот производител на автомобили Фолксваген соопшти во среда дека во првото тромесечје ја зголемил добивката за 44 отсто, откако се потруди да го надмине скандалот со лажираните податоци на тестовите за издувни гасови.

Добивката по платениот данок порасна на 3,4 милијарди евра во првиот квартал оваа година, од 2,4 милијарди евра во истиот квартал минатата година.

Приходите пораснале за десет отсто, на 56,2 милијарди евра.